(Видео) Кои напредни технологии целосно ќе го модернизираат земјоделството?

(Видео) Кои напредни технологии целосно ќе го модернизираат земјоделството?

 

Самоуправувачки трактори и механизација,автоматизирани машини за берба на плодови, беспилотни летала. Ова се само дел од новите напредни технологии кои ќе внесат револуција во начинот на кој се произведува храната.

Со предвиденото зголемување на човечката популација, пропорционално се очекува да се зголеми и и производството на храна. За да се задоволи се поголемата побарувачка, земјоделството подлежи на големи промени. Се создава нов технолошки бран кој ќе помогне да се зголеми ефикасноста на самото производство.

Распространетата дистрибуција на електрична енергија, создавање на уреди кои можат да мерат и да праќаат информации и големиот број на начини на комуникација овозможува развој на технолошки иновации кои во одреден степен можат да му помогнат на фармерот да носи правилни одлуки базирани на податоци директно од полето и со тоа да влијае на зголемување на приносот или намалување на трошоците.

Од видеото во продолжение можете да ги погледнете најновите земјоделски иновации што се очекува да помогнат при модернизација на земјоделството во наредните години и како овие трендови ќе извршат револуција во традиционалниот сектор на одгледување и производство на храна.

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Иновации