Над милион различни видови на семиња во глобалниот сеф за семиња – зошто е битен Свалбард сефот за човековата иднина?

Над милион различни видови на семиња во глобалниот сеф за семиња – зошто е битен Свалбард сефот за човековата иднина?

 

Бројот на семиња кои што моментално се складирани за долготрајно чување во Свалбард сефот изнесува над еден милион, што претставува само една четвртина од вкупниот капацитет на сефот.

На глобално ниво повеќе од 1,700 генетски банки имаат свои колекции од семиња кои што се ставени на чување, но поголемиот дел од нив се изложени на повеќе опасности. Таквите опасности можат да бидат предизвикани од природни катастрофи или војни, но некогаш процесот на чување на семињата во ген банката може да биде нарушен од банални причини како што се недостаток од финансии, лошо раководење или пак нефункционално работење на ладилниците. Ова доведува до неповратно намалување на виталноста во семињата и губење на сите генетски карактеристики со кои што се одликуваат различните видови на семиња.

Свалбард сефот за семиња се наоѓа на најсеверното место на планетата Земја кое што е достапно за посета со комерцијален лет и претставува идеално место за чување на семиња на долг временски период. Ова место е избрано поради тоа што претставува геолошки стабилно место и областа се карактеризира со ниска влажност. Свалбард сефот е изграден на повисока надморска височина која што го штити од најголемите поплави кои што можат да и се случат на човечката цивилизација.

Свалбард – сеф за семиња локација мапа

Свалбард – најсеверното место кое што е достапно со комерцијални летови

Како уште еден интересен факт е тоа што околината во која што се наоѓа е покриена со вечен лед (пермафрост) и овозможува природно ладење на собите наменети за чување на семињата без преголеми трошоци и опасност од уништување на складираните семиња. За одржување на ниска метаболитичка активност на семињата потребно е константна температура од -18 степени целзиусови кои што се обезбедени токму со помош на пермафростот и дебелите карпи.

Семето се чува во алуминиумски пакувања

Семето се чува во алуминиумски пакувања

Вкупниот капацитет на Свалбард сефот изнесува 4.5 милиони различни видови на семиња спакувани во специјални контејнери од 500 семиња. Семињата кои се моментално складирани потекнуваат скоро од целиот свет и тука се наоѓа најразновидната колекција на семиња во целиот свет.

Соба за складирање на семиња

Соба за складирање на семиња

Првично, за изградба на сефот се потрошени 9 милиони евра, но поради глобалното затоплување и човечката активност било забележано топење на мразот и пропустливост на вода со што норвешката влада вложила дополнителни 20 милиони евра за обнова.

Влезот на Свалбард сефот

Влезот на Свалбард сефот

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Иновации