Влијанието на јаглерод диоксидот во затворено производство

Влијанието на јаглерод диоксидот во затворено производство

 

Скоро сите сме запознаени со процесот на фотосинтеза во чиишто рамки под дејство на светлината настанува хемиска реакција помеѓу молекула на вода и јаглероден диоксид (ЦО2) се со цел да се создадат шеќери кои што подоцна ќе бидат искористени од страна на растенијата. Како нуспроизвод од целата реакција е испуштањето на кислород во атмосферата.

Моментално од целосниот волумен на атмосферата, јаглеродниот диоксид зафаќа 0.4% (400 ппм). Јаглеродниот диоксид е гас без боја и мирис кој игра клучна улога во живиот свет на планетата Земја.

За разлика од процесот на фотосинтеза, со процесот на дишење кој се одвива за ослободување на енергија како нуспроизвод се јавува јаглеродниот диоксид. Секогаш количината на употребениот јаглероден диоксид при процесот на фотосинтеза е поголем од количината на испуштениот јаглероден диоксид при процесот на дишење. Со овој факт можеме да заклучиме дека растенијата се во постојан дефицит од јаглероден диоксид. Дефицитот на јаглероден диоксид може да го ограничи растот и развојот на култивираните растенија.

Степенот на употреба на  јаглеродниот диоксид од страна на растенијата главно зависи од повеќе фактори како што се сончевата светлина, достапната вода, достапност на хранливи материи, степенот на влажност и температурата.

Но, од друга страна и концентрацијата на јаглерод диоксидот е варијабилна и тоа најчесто се должи на повеќе фактори како што се: период од денот, сезоната во која земјоделската култура се одгледува, фабриките кои што произведуваат ЦО2 во околината, компостирањето, број на тела кои што можат да складираат ЦО2 и присутноста на водени тела во близина.

Во контекст на затворено производство на зеленчук кој најчесто се одвива во стакленици, концентрацијата на ЦО2, во текот на денот, може да биде слична по состав како и во атмосферата, но само со добра вентилација која што ќе помогне во соодветна циркулација на воздухот. Во производство кое што се одвива во стакленици кои што се целосно изолирани од надворешната атмосфера во текот на денот концентрацијата на ЦО2 може да падне значително (од 150 до 200 ппм) и тоа најчесто се должи на фотосинтетската активност на растенијата. Во текот на ноќта оваа концентрација значително се зголемува поради нормалниот циклус на фотосинтеза и дишење кој го вршат растенијата.

Со текот на еволуцијата, растенијата создале подобрени механизми за создавање на храна, односно имаат различна ефикасност при нивната фотосинтетска активност. Со тоа тие можеме да ги поделиме на Ц3, Ц4 и ЦАМ растенија. Ц3 растенијата, во која група спаѓаат голем дел од зеленчуковите растенија, се најосетливи на концентрациите на ЦО2 во воздухот. Покачувањето на концентрациите на ЦО2 до 800-1000 ппм кај Ц3 растенијата ја зголемува фотосинтетската активност која резултира со зголемен принос од 40-100%.

Покрај одржување на идеалните услови во затвореното производство на зеленчук, преку овие податоци можеме да заклучиме дека и концентрацијата на ЦО2 претставува важен фактор во добивањето на максимални приноси и со тоа остварување на максимален профит.

 

Предности при користење на дополнителни извори на ЦО2

  • Производство на поголема биомаса и забрзан развој на култура;
  • Побрзо достигнување на економската зрелост на плодовите;
  • Заштеда на ресурси како резултат на побрзо зреење;
  • Подобар развој на генеративните органи (цветови);
  • Заштеда на вода поради зголемена ефикасност на употреба на вода.

 

Недостатоци при користење на дополнителни извори на ЦО2

  • Дополнителни трошоци за имплементација на систем за создавање на ЦО2;
  • Неискористување на дополнителните извори на ЦО2 доколку другите фактори за раст и развој (хранливи материи, вода и сончева светлина) се ограничени;
  • Само младите растенија можат максимално да го искористат дополнителниот ЦО2;
  • При некомплетно согорување можат да се создадат дополнителни отровни гасови како што се сулфур диоксид, етилен и јаглероден моноксид.

 

Температурните варирања отсекогаш играле важна улога во скоро сите процеси што се случуваат во живиот свет, вклучувајќи ја и фотосинтезата. Повисока температура значи и поголема активност на живите организми. Но, достигнувањето на максималното ниво на фотосинтеза и производство на шеќери е ограничено од повеќе фактори, вклучувајќи ја и достапноста на ЦО2. Колку повеќе имаме достапен ЦО2 за искористување, правопропорционално се зголемува и оптималната температура за вршење на фотосинтеза кај растенијата. Оваа информација може навистина да им послужи на произведувачите на зеленчук и тоа на два начина. Едниот начин е со зголемување на присуството на ЦО2 во стаклениците, растенијата можат да издржат и повисоки температури за време на летото. Вториот начин е со зголемување на температурата, во стаклениците кои што веќе имаат инсталирано систем за дополнителен ЦО2, да се зголеми продуктивноста на растенијата кои што се одгледувани.

Флуктуациите на температурата отсекогаш играле важна улога во речиси сите процеси што се случуваат во живиот свет, вклучувајќи ја и фотосинтезата. Повисока температура значи и поголема активност на живите организми. Сепак, постигнувањето на максималното ниво на фотосинтеза и производство на шеќер е ограничено од голем број фактори, вклучувајќи ја и достапноста на ЦО2. Колку повеќе ЦО2 е достапен за употреба, толку е поголема оптималната температура за вршење на фотосинтеза кај растенијата. Оваа информација навистина може да им послужи на земјоделците и тоа на два начина. Еден начин е со зголемување на присуството на ЦО2 во оранжериите, растенијата можат да издржат повисоки температури во текот на летото. Вториот начин е да се зголеми продуктивноста на растенијата што се одгледуваат со зголемување на температурата, во оранжериите кои веќе имаат систем за дополнителен ЦО2.

Извори на дополнителен ЦО2

Постојат неколку извори за дополнување на содржината на ЦО2 во обемни системи за производство на зеленчук. Тие можат да се движат од високо софистицирани прецизни методи до нискобуџетни практични методи за создавање дополнителен ЦО2.

‣ Компресирани ЦО2 резервоари – популарна метода кој користи компресирани ЦО2 резервоари за постојана регулација на ЦО2. За овој метод има потреба од дополнителна опрема како мерачи на проток, мерачи на содржина на ЦО2, регулатор на притисок и електрични вентили.

Влијание на јаглероден диоксид во затворено производство

ЦО2 резервоар со опрема
Извор: organicgrowersschool.org

‣ ЦО2 генератори – често употребувана метода што користи јаглеводородни горива како што се пропан, природен гас или етил алкохол. Негативната страна на овој метод е нечистотиите што можат да се произведат со овие системи кои можат негативно да влијаат на производството, па дури и на здравјето на работниците.

јаглеродниот диоксид растенијата употреба

ЦО2 генератор
Извор: waikanaewatch.org

‣ Распаѓање на органска материја – иако на прв поглед примитивен, претставува многу практичен начин за збогатување на содржината на ЦО2 во производството. Може да се изврши со компостирање или ферментација на органска материја. Во некои системи постои дополнителна пумпа која помага побрзо да се дистрибуира ЦО2.

влијание јаглерод диоксид

Ферментатор
Извор: owtechmagazine.com

‣ Метода со користење на сув мраз – еден од најдостапните методи на пазарот. Со режење и рамномерно распределување на парчиња сув мраз покрај редовите земјоделците може да го одржуваат потребното ниво на ЦО2.

влијание на јаглерод Сув Мраз

Испарување на сув мраз

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.