Во Пелагонија падна град со натпросечна големина – дали засејувањето на облаците претставува успешен метод?
1,696 Прегледи
Вчера во Пелагонија падна град со надпросечна големина. Обемот на топките град беше сличен со големина на топка од голф и причини големи штети врз растителните култури кои што се одгледуваат во тој регион. Од Управата за хидрометеоролошки работи, официјално нема издадено соопштение дали пред настанувањето на оваа ситуација воопшто се извршило засејување на облаците со помош на сребро јодид за спречување на формација на ледени форми (град).
Според информациите од нашиот метеоролог Славчо Попоски, имаше најава за интензивни процеси во форма на невреме проследено со обилен пороен, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
ФОТО: weather4all.mk
Категории:
Вести