Во Франција поради птичји грип убиени 600 000 живина

Во Франција поради птичји грип убиени 600 000 живина

 

Франција уништи над 600 000 живина во текот на изминатиот месец, како превенција за спречување на ширење на птичји грип, кој се заканува да стане четврта голема епидемија во земјата од 2015 година.

Министерството за земјоделство соопшти дека се откриени кластери со вируси на 26 фарми,  најмногу на југозападот на Франција, како и неколку случаи на зарази кај диви животни.

Франција, како и многу европски земји, оваа зима повторно беше погодена од птичји грип што го пренесуваат птиците преселници.

Белгија и Велика Британија најавија избувнување, додека чешките ветеринари во средата рекоа дека 80.000 птици ќе бидат уништени на една фарма каде што над 100.000 животни умреле од вирусот од минатата недела.

 

 

Категории: Вести