Генерална стабилизација на цените на житариците

Генерална стабилизација на цените на житариците

 

ФАО Индексот на цените на житните култури во просек изнесуваше 132,5 поени, што е за 2 % повисок од август и за 27,3 % над нивото од септември 2020 година. Во поглед на главните житни култури, глобалните цени на пченицата драстично се зголемија во септември. Недостатокот на количини за извоз во услови на силна светска побарувачка се причина за зголемување на светските цени на пченицата. Цената на оризот, исто така се зголеми во септември и се искачи над ниските повеќегодишни нивоа, пред сè поради благото зголемување на трговските активности на пазарот на ориз. Глобалните цени на јачменот се зголемија во септември за 2,6 %, главно водени од силната побарувачка и намаленото производство во Руската Федерација. Спротивно на тоа, глобалните цени на пченката останаа генерално стабилни со разлика од само 0,3 %  во однос на август. Ова покачување се должи на ненавремениот транспорт од американските пристаништа поради лошите временски услови (урагани). Од друга страна, како намалување на притисокот врз растот на цените се подобрените глобални изгледи за производство на пченка и почеток на жетвата во САД и Украина. Цените на пченката се за речиси 38 % повисоки во споредба со септември 2020 година.

 

ФАО житарици

Извор: ФАО

ФАО житарици

Извор: ФАО

ФАО житарици

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести, Пазари