Првите 10 оризопроизводители ги добија договорите за набавка на комбајни преку мерката на АФПЗРР

Првите 10 оризопроизводители ги добија договорите за набавка на комбајни преку мерката на АФПЗРР

 

Првите десет од вкупно 25 одобрени договори за набавка на комбајни за ориз со сецкалица се доделија во Чешиново од страна на  Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и со градоначалникот на Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев,

Станува збор за реализација на мерката„ Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121,5 „Набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалица.“ Оваа мерка се спроведува за прв пат а истата е креирана на барање на оризопроизводителите. Со неа директно позитивно се влијае врз намалување на производните трошоци на оризот, a истата позитивно влијае и врз локалната економија и намалување на загадувањето на воздухот.

Директорот на АФПЗРР, Бачовски истакна дека сите пристигнати апликации ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка.

„На овој повик кој заврши на средината на минатиот месец, пристигнаа вкупно 25 барања за набавка на комбајни. Сите 25 апликации се одобрени. Вкупната вредност на ове 25 договори изнесува близу 32,5 милиони денари, од кои 18 милиони денари, ќе бидат вратени на сметките на апликантите. Ова се сериозни средства преку кои директно помагаме на производителите на ориз, во намалување на нивните трошоци за прибирање на родот со ориз, и најважно со овие комбајни ќе се реши проблемот со палењето на оризовата слама. Апликациите се обработија брзо, еве денес ги склучивме договорите и сега апликантите можат да ги набават комбајните и оваа реколта веќе да имаат модернизиран начин на жетва, со што директно ќе се намалат и времето кое е потребно за жетва на ориз, но и за производните трошоци. “ – истакна директорот Бачовски .

Бачовски, истакна дека Агенцијата заедно со Владата, ќе продолжат да креираат мерки кои ќе помогнат за модернизирање на домашното земјоделство и позитивно влијаат на конкурентноста на домашно произведени земјоделски култури.