Вучиќ: Потпишувањето на договорот ќе се овозможи забрзување на процесот на трговска размена во земјоделството

Вучиќ: Потпишувањето на договорот ќе се овозможи забрзување на процесот на трговска размена во земјоделството

 

На седницата на Иницијативата за земјоделство „Отворен Балкан”, претседателот на Србија, Александар Вучиќ посочи дека потпишаниот договор за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната и добиточната храна отвора големи можности за трговија и оти наскоро би можело да се достигне ниво од една милијарда евра.

Вучиќ во своето излагање истакна дека трите земји се подготвени да соработуваат во многу области, а земјоделството е една од најважните на кои ќе се посвети во наредниот период.

Сепак, тој посочи дека не се работи само за слободен проток на храна, или сурови производи, размена на храна, туку и соработка во областа на вештачката интелигенција, роботиката, ИТ индустријата, што може да го поддржи развојот на земјоделството во иднина.

Вучиќ кажа дека Србија со Албанија има трговска размена во земјоделството вредна 70 милиони евра, а со Р.С. Македонија 216 милиони евра, посочувајќи дека тоа се мали вредности, но дека е убеден оти наскоро може да се достигне нивото од една милијарда евра.

Според него, со потпишувањето на договорот ќе се овозможи забрзување на процесот на размена на земјоделски производи и намалување на загубите поради долгото чекање на границата.

-Треба да ги поврземе луѓето за да ја разберат идејата за вмрежување и поврзување на нашите земји, кажа Вучиќ.

 

Извор: МИА

 

Категории: Вести