Глобалните цени на месото со минимално намалување

Глобалните цени на месото со минимално намалување

 

ФАО индексот на цените на месото во просек изнесуваше 112,1 поени во октомври, што е намалување.0,7 % во однос на неговата ревидирана вредност во септември и го означи тримесечниот пад на цената, иако сè уште цената е за 22,1 % над вредностa во истиот месец минатата година.

Во октомври, цената за свинско месо на светско ниво е намалена, главно како резултат на послабата набавка на месо од страна на Кина. Цените на говедското месо, исто така, се намалени, како одраз на остриот пад на понудите за набавки од Бразил во услови на пазарна несигурност околу суспензијата на увозот од страна на водечките трговски партнери поради кравјото лудило. Од друга страна, цените на месото од живина се зголемија, поттикнати од високата глобална побарувачка, додека производството на пилешко месо е со намален раст поради високите трошоци за добиточна храна и појавата на птичји грип, особено во Европа. Светските цени на овчото месо, исто така, благо се зголемија поради континуираните ограничувања на понудата од Океанија поради големата побарувачка за обнова на стадото.

ФАО Цени месо

Извор: ФАО

ФАО Цени месо

Извор: ФАО

ФАО Цени месо

Извор: ФАО

 

 

Категории: Вести, Пазари