Ден исполнет со многу насмевки – донација од Горска вода за СОС Детско село

Ден исполнет со многу насмевки – донација од Горска вода за СОС Детско село

 

Во донаторска акција одржана на 28.09.2021 година преку платформата FoodShare во рамки на проектот PLOUTOS, беа донирани 765 литри флаширана вода. Донатор во оваа акција е  Кодинг Горска, која со својот имиџ на општествено одговорна компанија, несебично донираше дел од својот асортиман. Краен примател на донацијата се нашите пријатели од СОС Детско село во Скопје.

Компанијата Кодинг е основана  во 1987 година  во секторот градежништво, а од 2004 започна со изградба на фабрика за вода и сокови. Во 2005 година, Кодинг започна со производство и дистрибуција на Горска вода.

Кодинг Горска својот имиџ на општествено одговорна компанија го гради години наназад. Како донатор и спонзор, Кодинг Горска се јавува во манифестации од секаков карактер – од културни настани, преку спортски активности, па се до несебично помагање во справување со актуелната Корона криза. Бидејќи не можеме да ги опфатиме сите настани во една реченица, ќе спомнеме само неколку од последните збиднувања, како што се: Горска на „Скопско лето 2020“ ; Прв до врв со Gorska+ ; Поддршка од Кодинг Горска за Спортскиот центар „Борис Трајковски“  итн.

СОС Детски села Интернационал е меѓународна невладина организација за социјална заштита, посветена на заштита и примена на детските права уште од 1949 година кога првото СОС Детско село било основано од Херман Гмајнер во Имст, Австрија. Оваа година СОС Детско село прославува јубилеј – 20 години исполнување на мисијата ”Tопол дом, љубов и грижа за секое дете”. За овие две декади заедно со поддршката на сите општествено одговорни компании и СОС Пријатели го променија животот на повеќе од 1500 деца и семејства. Со посветена грижа и поддршка овозможуваат тие да растат во сигурна и грижлива семејна средина исполнета со љубов и сигурност.

Како посредник во донацијата се јавува Здружението „Платформа за зелен развој“ со својата платформа FoodShare. Платформата FoodSHare  е развиена во рамките на проектот Ploutos_H2020. Со помош на оваа платформа вишокот на храна кој е соодветен за консумирање се донира на најзагрозените категории граѓани. Проектот истовремено ја поддржува локалната заедница и се грижи за животната средина.

 

Категории: Вести