Необична појава во Македонија – Се појави торнадо во битолско

Необична појава во Македонија – Се појави торнадо во битолско

 

Вчера за време на влошените временски услови во битолско Живојно се појави торнадо. Торнадото настанува од различни физички процеси во атмосферата, а за настанување на торнада се потребни неколку услови: нестабилност на атмосферата, механизам на подигање и влага во средниот и долниот дел на атмосферата. Во близина на земјата нестабилната воздушна маса е топла и влажна и е релативно постудена за разлика од горните делови на атмосферата.

Топлите и влажните делови на воздухот се подигаат и се составуваат со ладните и сувите. Зголемувањето на влагата започнува со посилно кондензирање во капки вода и тогаш енергијата (топлината) се отпушта во околниот воздух, што е доволно за струењето кое се движи нагоре да продолжи да се искачува. Ова се случува кога има присуство на облаци од типот на кумулонимбус, најнестабилен и најопасен од сите 10 видови облаци. Струењето на топлиот воздух во облакот се судира со останатите маси на ладен воздух и тогаш облакот почнува да покажува видлива ротација која поради силата на тежата се спушта до дното.

Во продолжение видео од торнадото постирано од нашиот метеоролог Славчо Попоски:

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести