ДЗС: Индексот на цените на мало бележи зголемување од 6.2 %, за разлика од ноември 2020 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.3.
Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 3.8 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2.9 %, сирењето и урдата за 2.3 %, месото за 2.1 %, маслото и маснотиите за 1.9 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.8 %, виното за 1.3 %, рибата и морските плодови, пивото за 1.2 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.7 % и жестоките пијалаци за 0.3 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 7.0 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.8 % и млекото за 0.3 %.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 6.2 %.