Цената на месото во светот стабилно расте!

Цената на месото во светот стабилно расте!

 

ФАО индексот на цената на месото  во мај во просек достигна 105,0 поени, што е за 2,3 поени повеќе од минатиот месец (април 2,2%), регистрирајќи го осмиот месечен пораст и подигнувајќи го индексот за 10 проценти над неговото ниво од пред една година, но се уште е за 12 проценти  под својот достигнат врв во август 2014 година. Во мај, цените за сите видови месо пораснаа, главно поради зголеменото темпо на увоз од источноазиските земји, или поточно од страна на Кина. Затегнувањето на глобалните резерви, исто така, обезбеди поддршка и стабилност на цените кај сите месни производи, како одраз на повеќе фактори, почнувајќи од забавување на процесот на колење на месо од говеда и овци до зголемена внатрешна побарувачка за месо од живина и свиња во водечките региони на производители.

indeks na ceni na meso 1990m1-2021m5

indeks na ceni na meso 2010m1-2021m5

 

Aвтор: м-р Благоја Муканов

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари