adrotate banner=”38″]
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,509 ден/кг и сега ќе изнесува 44,722 ден/кг.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 0,50 ден/лит., ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 1,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,50 ден/лит и 81,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 71,50 ден/лит.