Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на барањето на одглeдувачите на пчели и го продолжи рокот за спроведување на пописот на презимени пчелни семејства до 15 јуни.
Со донесување на Правилникот за дополнување на Правилникот за начинот и постапката за идентификација и регистрација на пчелите, пчеларите кои досега не ја спровеле оваа активност во пчеларниците, тоа ќе можат да го сторат до средината на месецот и бројната состојба да ја пријават до ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор – вели Бабовски.
Евидентирањето на бројната состојба на презимени пчелни семејства во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство (ВИС), е услов за алицирање на одгледувачите на пчели за добивање на земјоделски субвенции.
Слични Новости
ЈАВЕН ПОВИК бр.09/2021 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година

