ЕУ го трасира патот за намалување на емисиите на јаглероден диоксид во земјоделството

ЕУ го трасира патот за намалување на емисиите на јаглероден диоксид во земјоделството

 

Нов пристап за отстранување на јаглероден диоксид во земјоделството ќе придонесе за засилување на климатските амбиции во Европа, најави Европската комисија при започнувањето на својот голем план за намалување на емисиите на CO2 за 55% до крајот на деценијата.

Потенцијалот кој постои кај таканареченото „земјоделство за складирање на јаглерод“ во намалување на емисиите на СО2 и обновување на деградираната земјоделска почва беше темелно разгледан во неодамна презентираниот пакет на Европската комисија, наречен „Fit for 55“.

Во своето обраќање, Комисијата ја потврди својата определба за презентирање на иницијатива за складирање на јаглерод – веќе објавена во стратегијата Фарма до вилушка“ (F2F) – како и шемата за сертификација за отстранување на јаглеродот.

Според еден од главните документи на пакетот, предложената ревизија на регулативата за користење на земјиштето, промена на употребата на земјиштето и шумарството (LULUCF) – двете иницијативи треба тековно да се имплементираат во периодот до 2030-та година.

Во моментов не постои конкретен политички инструмент за значително поттикнување на отстранувањето на јаглеродот и заштитата на складираните залихи на јаглерод, но корпорациите и некои приватни граѓани започнуваат сами да преземаат иницијатива, како би компензирале за својата немарност кога се во прашање стакленичките гасови.

Главната цел на новиот пристап на „земјоделство за складирање на јаглерод“ е да се создадат нови бизнис модели за зголемување на стапката на складирање на јаглерод, со дополнителни придобивки како што се создавање можности за нови работни места и обезбедување стимулации за соодветна обука, преквалификации и доквалификации.

Како што објасни официјален претставник на ЕУ запознаен со предлогот, промената во пристапот се состои во придвижување во насока на комбинирање на Промената на употребата на земјиштето и шумарството (LULUCF) и емисиите на CO2 од земјоделството заради големиот потенцијал за синергија на овие сектори.

„Ние сакаме да покажеме дека е можно овие сектори, кога се комбинираат, да станат климатски неутрални, балансирајќи ги емисиите и отстранувањето на вишокот јаглерод“, продолжи официјалниот претставник на ЕУ.

Ова сè уште не значи дека емисиите на јаглерод во земјоделскиот сектор ќе се сведат на нула, туку дека ќе се вложи многу труд во отстранување на складираниот јаглерод, со што ситуацијата драстично би се подобрила.

 

Извор: https://www.euractiv.com/section/agriculture-food/news/eu-sets-the-scene-for-carbon-removal-actions-in-farming/

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.