Жените земјоделки дискриминирани – без право за платено породилно отсуство

Жените земјоделки дискриминирани – без право за платено породилно отсуство

 

Без право на платено породилно отсуство се жените регистрирани како земјоделки. Со проблемот се соочуваат со години и велат дека се чувствуваат дискриминирани во однос на другите македонски граѓани. Поради тоа, некои од овие жени размислуваат и да се откажат од земјоделството.

Марија Мачевска живее во селото Робово, има 23 години и е мајка на две деца. Сепак, како регистрирана земјоделка, таа нема право на платено породилно отсуство.

„Не знам зошто, не ми дадоа. Само од државата што дадоа 5.000, за прво дете. За породилно не ми следуваше, зашто сум земјоделка“, вели Мачевска.

Марија е само една од повеќето илјади жени што се регистрирани како земјоделки. Работат на нивните семејни фарми, се грижат за своите семејства, плаќаат за здравствено осигурување, но за нив не важат законските девет месеци платено отсуство поради новороденче.

„Кога моите деца беа мали, бебиња, кога јас требаше да земам породилно, не земав. Како млада тогаш ме погодуваше и до ден денес ме погодува оваа тема и овој закон, зашто ми делува дискриминирачки“, укажува Вангелина Пармачка од селото Будинарци.

„За таа жена е проблематично. Во тие месеци таа ќе мора да работи. Но, ако ѝ се даде породилно отсуство, ќе биде ослободена барем од тие земјоделски активности, ќе биде посветена само за дома. Сега, тие мораат заедно со сопругот да ги вршат работите. Уште потрагично е ако самата е носителка. Ако сопругот нешто друго работи, а целото земјоделска стопанство е на нејзиниот грб. Тоа не е лесна работа“, додава Петровска-Митревска.

Жената земјоделка може да биде и мајка и домаќинка и работничка. И на нива, и на поле, и со трактор. Од сонце, земја и вода, произведуваме храна. Тоа значи дека сме способни да си ги чуваме сопствените деца.

Од Министерството за труд и социјала ни рекоа дека се во тек консултации за изнаоѓање соодветно решение за проблемот. Сепак, додека надлежните го изнајдат соодветното решение, жените земјоделки порачуваат:

„Многу нешта се потребни. Треба некоја играчка, нешто да им се купи на тие деца“, посочува младата мајка Мачевска. Вангелина Пармачка, пак, има сериозна порака за целото општество.

„Жената земјоделка може да биде и мајка и домаќинка и работничка. И на нива, и на поле, и со трактор. Од сонце, земја и вода, произведуваме храна. Тоа значи дека сме способни да си ги чуваме сопствените деца. Но, тоа што во законот немаме право на породилно отсуство, нè погодува и делува дискриминирачки, дефинитивно“, укажува Пармачка.

 

Извор: VOA

 

Категории: Вести