Комисијата усвои вонредни мерки за поддршка на секторите за вино, овошје и зеленчук

Комисијата усвои вонредни мерки за поддршка на секторите за вино, овошје и зеленчук

 

Мерките за поддршка за винскиот сектор, усвоени на саедница на Европската Комисија, вклучуваат зголемена поддршка со алатки за управување со ризик, како што се осигурување на бербата и заеднички фондови, и продолжување на мерките за флексибилност што веќе се во сила до 15 октомври 2022 година. За секторот овошје и зеленчук, поддршката за производителите – обично пресметано врз основа на вредноста на производството – ќе се компензира да не биде пониско од 85% од нивото на минатата година.

Комесарот за земјоделство Јануш Војчеховски рече: „Од пролетните мразови, поплави, па сѐ до топлотните бранови – екстремните временски услови беа особено предизвикувачки за секторите за вино, овошје и зеленчук оваа година. Ова доаѓа по веќе комплицираната 2020-та година поради КОВИД-19 кризата. Овие многу неопходни мерки за поддршка ќе им олеснат на производителите низ ЕУ во овие тешки времиња, како и оние што веќе беа претставени во 2020-та година и продолжени во 2021-ва година.“

Вонредните мерки за вино вклучуваат:

  • Земјите на ЕУ можат да продолжат да ги изменуваат своите национални програми за поддршка во секое време. Тоа обично може да се направи само двапати годишно (до 1-ви март и 30-ти јуни секоја година, соодветно).
  • Активности за промоција и информирање, преструктуирање и пренамена на лозја, зелена берба (green harvesting) и инвестиции, можноста за доделување поголем грант од буџетот на ЕУ се продолжува до 15 октомври 2022 година.
  • Буџетскиот придонес на ЕУ за осигурување на бербата е зголемен од 70% на 80% до 15 октомври 2022 година.
  • Поддршката на ЕУ за покривање на трошоците за формирање заеднички фондови се удвои, од: 10%, 8% и 4% во првата, втората и третата година од нејзиното спроведување до 20%, 16% и 8%.
  • Продолжување на флексибилноста доделена за мерките на програмата за вино до 15 октомври 2022 година.

За секторот за овошје и зеленчук, поддршката на ЕУ за организациите на производители – обично пресметана врз основа на производствената вредност за тековната година – ќе се компензира за да биде најмалку 85% од минатогодишното ниво, дури и ако оваа година вредноста е помала. Овој надоместок ќе се понуди кога намалувањето на производството е поврзано со природни катастрофи, климатски настани, болести на растенијата или наезда од штетници. Дополнително, ако производителите докажат дека презеле превентивни мерки против причината за намалување на производството, производствената вредност што се користи за поддршка ќе биде иста како и минатата година.

Поради невидените предизвици предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, првиот пакет мерки беше усвоен во мај 2020 година. Овие мерки беа надополнети со вториот пакет за винскиот сектор усвоен во јули 2020 година.

Во рамките на пакетот, на 06.10.2021 беа донесени сет мерки како имплементирани акти. Што се однесува до делегираните акти, тие ќе треба да поминат 2 месечен период на контрола во Европскиот парламент и Советот.

 За повеќе информации на селдните линкови:

Wine market observatory

Fruit and vegetable observatory

https://ec.europa.eu/commission/presscorner/detail/en/ip_21_4922

 

 Извор: www.ag-press.eu