Жетвата на пченицата ширум житните полиња во Република Македониа е во полн ек, но откупот е неизвесен. Мелничарите нудат цени кои според нив се реални, и во зависност од квалитетот се движат од 8,5 до 10 денари за килограм. Земјоделците не се согласуваат, ова за нив ќе значи загуба и бараат најмалку 12 или 14 денари.
– „Цените на житото на берзите во светот и регионот растат, што би требало да се влијае и на нашиот пазар, односно земјоделците да добијат подобри откупни цени.“ – велат од Министерството за земјоделство. Од ресорот појаснуваат дека се во постојана комуникација и со двете страни и се надеваат дека ќе се постигне договор во интерес и на производителите и на откупувачите.
Последните податоците од теренот покажуваат дека обработливата површина под пченица во 2021 година изнесува околу 79.000 хектари, што е зголемување за скоро 7 проценти во однос на лани.
Оваа година, се очекува и просечен принос од 3.200 до 3.500 килограми по хектар или вкупен род од околу 260.000 тони пченица.
Освен неизвесноста со откупните цени за голем проблем со кои се соочувуваат, поледелците и годинава ги посочуваат климатските промени и брзите температурни разлики со што се губи квалитетот на зрното, а се причина за појава на болести и на штетници.
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.