Заев и Хоџа со предлог-решенија до оризороизведителите

Заев и Хоџа со предлог-решенија до оризороизведителите

 

Премиерот Зоран Заев и министерот Арјанит Хоџа, во Владата одржаа средба заедно со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, и со претставниците на оризопроизводителите од Кочанскиот Регион.

На средбата се договориле конкретни решенија, кои ќе бидат поволни за оризопроизводителите и откупувачите на ориз, за што поуспешен пласман на овогодинешната реколта на оризова арпа и ориз.

По консултациите и разговорите, премиерот Заев нагласи дека Владата ќе излезе во пресрет, со цел изнаоѓање на најдобри решенија за исполнување на барањата на оризопроизводителите.

Од премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа изнесените предлог-решенија беа прифатливи за претставниците на оризопроизводителите и во наредните денови ќе бидат интензивирани комуникациите со откупувачите на ориз и оризова арпа за соодветно исполнување и спроведување  на предложените решенија.

Претставниците на оризопроизводителите изразија задоволство од предложените решенија и истакнаа дека ќе упатат апел до откупувачите да бидат коректни во разговорите со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со цел изнаоѓање на најповолно решение за сите страни.