Земјоделците и сточарите чии фарми беа зафатени од пламените јазици ќе бидат обештетени

Земјоделците и сточарите чии фарми беа зафатени од пламените јазици ќе бидат обештетени

 

Земјоделците чии фарми, плевни, пчеларници и овошни насади беа проголтани од пламените јазици ќе бидат обештетени. Ова беше истакнато од заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, при посетата на Малешевскиот регион. Тој додаде дека во однос на штетите ќе се преземат ургентни реакции онаму каде што е најпотребно, што е помош која ќе оди преку Министерството за земјоделство и државниот буџет. Граѓаните чии фарми, храна за животните, овошни насади, пчеларници беа проголтани од огнените стихии треба да ги пријават своите штети.

Интервенцијата кај сточарската дејност засега има во Делчево, каде посетиле една фарма. Но посетите дополнително ќе се вршат, па согласно тоа ќе се одреди во која општина каква помош е потребна.

Штетите ќе ги утврдуваат вешти лица, па во однос на овоштарниците ќе се имаат предвид сите години на принос. Ќе се доделат и 50% од прифатливите трошоци за инвестицијата. Но како што рече заменик министерот, тоа е дополнителна финансиска поддршка за која треба да се аплицира и да се следат одредени програми. Сепак, главна цел е да се посетат сите земјоделци и сточари и да им се укаже на процесите кои треба да ги преземат за да добијат некакво обештетување.

Извор: mnet.mk

Категории: Вести