Зошто треба ги намалите дневните количини на белото брашно во исхраната?

Зошто треба ги намалите дневните количини на белото брашно во исхраната?

 

Брашното  е состојка на многу прехранбени производи. Тоа е фин прав добиен со мелење на жито или други растенија кои содржат скроб. Најчесто брашното се произведува од пченица, па зборот „брашно“ (без означување на видот) подразбира пченично брашно или бело брашно. Неговата употреба е широкораспространета. Се користи за правење  леб, тестенини, грицки и многу други производи.

При процесот на обработка на пченицата се губат повеќе од половина хранливи материи кои ги содржи зрното.  Две важни компоненти кои се отстрануваат при овој процес се пченичните никулци и пченичните трици. Овие состојки се  исклучително важни во процесот на варењето на храната, а со нивно отстранување се губат најголем дел од хранливите материи. Затоа сѐ почесто во маркетите можеме да видиме бел леб на кој пишува дека е  направен од „збогатено брашно“. Ваквиот леб се добива со додавање на неколку витамини во подготовката на лебот.

Според нутриционистите редовното консумирање на бело брашно може да доведе до состојби како што се замастен црн дроб, зголемен лош холестерол во крвотокот што резултира со неколку здравствени проблеми како висок крвен притисок, дијабетес и зголемување на телесната тежина. Затоа, внимавајте следниот пат кога ќе посегнете по прехранбени производи направени од бело брашно.

Извор: Pixabay

Еве неколку причини зошто треба да избегнувате често да јадете прехранбени продукти од бело брашно:

  1. Киселоста

За време на процесот на рафинирање, се отстрануваат повеќе од половина од хранливите материи и брашното станува кисело. Секојдневното консумирање на белиот леб, и продукти кои содржат бело брашно може негативно да влијаат врз организмот, т.е преумерената киселост може да предизвика разни хронични воспалувања.

  1. Дигестивни проблеми

Белото брашно се нарекува „лепак на цревата“, бидејќи нема растителни влакна, го забавува варењето и метаболизамот и често може да доведе до зголемување на телесната тежина, главоболки, неправилна работа на дигестивниот систем и запек.

  1. Недостаток на хранливи материи

При обработката на ова брашно се губат голем дел од влакната и основните хранливи материи како витамини и минерали и фитохемикалии. Покрај тоа, процесот на белење се изведува со употреба на хемикалии што му даваат на белото брашно карактеристична бела боја. Иако овие состојки не се штетни за вашето здравје,  сепак се вештачки и треба да се избегнува храна која ги содржи.

 

бел леб

Извор: Pixabay

  1. Содржи алоксан

Алоксанот има негативно влијае врз организот, ги уништува бета-клетките на панкреасот и е токсичен за телото. Исто така алоксанот  е и состојка која може да предизвика дијабетес.

  1. Зголемување на телесната тежина

Белото брашно, за разлика интегралното пченично брашно, не содржи големи количини на растителни влакна и хранливи материи. Поради ова, кога консумираме храна што содржи бело брашно не добиваме чувството на ситост. Исто така, телото релативно брзо ги апсорбира обработените зрна и едноставните шеќери. Зголемениот шеќер во крвта предизвикува ослободување на инсулин, и за кратко време гладот се враќа. Затоа, секогаш кога не се чувствувате сити, имаме желба да јадеме повеќе и како резултат на тоа се зголемува телесната тежина .

  1. Здравје на срцето

Зрнестите житарки се добри за здравјето на срцето, но рафинираните зрна, од кои се произведува белото брашно, имаат сосема спротивен ефект. Консумирањето на големи количини рафинирани зрна го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

  1. Воспаление

Консумирањето храна од бело брашно може да предизвика воспаленија во телото. На лицата кои се обидуваат да го елиминираат  воспалението во нивното тело или да го намалат  воспалението, обично им се советува да не јадат бел леб и производи што содржат бело брашно.

бел леб

Извор: Pixabay

Затоа треба да внимавате во дневните количини на прехрамбени продукти кои содржат бело брашно. Пченичното брашно е сиромашно со витамини од Б комплексот, витамин Е, фолна киселина, фосфор, цинк, влакна, железо и сите други елементи.

Нутритивната вредност – 100 g. бело брашно содржи:

Калории  265 Kcal

Масти                           1 g               (1 % ДВ)

Јаглехидрати            76 g               (28 % ДВ)

Диететски влакна  2,7 g               (10 % ДВ)

Протеин                   10,3 g

Калциум                   15 mg           (1 % ДВ)

Железо                    4,64 g             (26 % ДВ)

Калиум                   107 mg            (2 % ДВ)

% дневна вредност  (ДВ) покажува колку нутриентот присутен во одредена количина на храна придонесува во дневната исхрана. Притоа, 2000 калории на ден се користи како генерална препорака во исхраната.

Извор: Pixabay

За среќа, постојат неколку алтернативи за белото брашно што можете да ги користите во вашите јадења како замена. Тука пред сѐ  интегралното брашно од пченица, а како и: брашното од ореви, брашното од леќа, брашното од киноа, брашното од ориз, брашното од соја и бадемовото брашно.

 

Категории: Здрава храна