Зрелиот плод на малината, освен што е убав за око, допир и вкус – претставува и бесценето богатство од хранливи материи

Зрелиот плод на малината, освен што е убав за око, допир и вкус – претставува и бесценето богатство од хранливи материи

 

Малините се вид на овошје од бобинки, кои можат да се најдат најчесто во планинските области, но и се одгледуваат на плантажи и домашни градини. Ова мало црвено овошје со топчеста форма се карактеризира со хранливи материи кои се особено важни во секојдневната исхрана на човекот. Малините може да се замрзнуваат, сушат или мелат во прав, а хранливиот состав да им остане ист. Сепак, овие начини на чување им ја уништуваат убавата арома и меката текстура. Свежо набраните малини се највкусни и најсочни. Во продолжение ќе издвоиме неколку причини зошто треба да јадете малини.

малини

Извор: Pixabay

Малините се исклучително богати со антиоксиданти и имаат антиинфламаторно дејство. Антиоксидансите помагаат во забавување на процесот на стареење и  во подобрување на функцијата на мозокот како и за намалување на ризикот од појава на некои хронични болести.

Свежите малини се одличен извор на енергија, бидејќи во составот на јаглехидратите најмногу има овошни шеќери. Малините содржат мали количини на шеќер, односно само 5g во 125g малини во споредба со едно средно јаболко кое има околу 20 грама шеќер. Ова ги прави одлична опција за слатка ужинка.

Ова вкусно овошје содржи многу важни органски киселини, како елагинска, јаболкова, лимунска и салицилна киселина. Малините се добар извор на витамини и минерали. Од витамините ги издвојуваме Ц и К, а од минералите манган и магнезиум. Сто грама малини содржат скоро половина од дневните потреби на витамин Ц.

Малините помагаат во процесот на слабеење поради големи количини на манган и растителни влакна. Манганот помага во забрзувањето на метаболизмот, а растителните влакна помагаат во варењето на храната и даваат чувство на ситост. Во 125 g малини има 8 g  влакна што е една третина од потребната дневна количина на влакна, кои се неопходни за нормално функционирање на цревата.

малини

Извор: Pixabay

Овие црвени овошки ја штитат кожата и ја спречуваат појавата на брчките.  Екстрактите од малина се додаваат во козметичките производи, бидејќи помагаат во хидратацијата на кожата. Од некои видови семиња од малина се прави крема за заштита на кожата од сонцето, а во зимските месеци за крема за заштита од ветер и студ. Маслото од малина се користи во третманот на иритации на кожата и егзема.

Чајот од лисја од малина помага во регулација на менструалниот циклус и ги намалува менструалните тегоби. Овој чај се користи и при настинки, болки во грлото, кашлање, цревни воспаленија, дијареја и кожни болести. Додека пак, чајот од плодовите од малина се препорачува за жените-доилки, бидејќи позитивно влијае на продукцијата на млекото.

Наловна слика извор: Pixabay

Категории: Здрава храна
Tags: Храна