Српско Министерство за земјоделство: Испорака на договорената пченица во регионот во најкраток рок

Договорените количества пченица и пченка за извоз во земјите од регионот пред неговата забрана, ќе се реализираат во најбрз можен рок, се наведува денеска на веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија.
Врз основа на договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, утрово во Белград беше организирана средба на министрите за земјоделство на двете земји Бранислав Недимовиќ и Фрида Крифца.
– Договорените количества пченица и пченка, пред забраната за извоз, ќе се реализираат во најбрз можен рок, соопшти српското Министерство за земјоделство.
Во соопштението се додава дека земјите од Иницијативата Отворен Балкан, како и другите соседни земји, можат да сметаат на Србија како доверлив партнер во време на големи предизвици во прехранбениот сектор.
Слични Новости

Дивите свињи во повеќе села во Кичевско направија вистински пустош на пченката и на дел од површините засадени со компир
