Кои се придобивките од грозјето – Вкусно, енергично и освежително

Кои се придобивките од грозјето – Вкусно, енергично и освежително

 

Грозјето е едно од најздравите и највкусните бобинки. Популарноста на бобинките не е само поради нивниот одличен вкус и аромата, туку и поради уникатниот хемиски состав, кој вклучува протеини, минерали, витамини, органски киселини и танини.

Здравствените придобивки од грозјето доаѓаат од лушпата која содржи фитонутриенти, растителни пигменти, кои помагаат во заштита од болести. Овие бобинки во својот состав содржат и полифеноли, моќни антиоксиданси кои се борат со болести, како Алцхајмерова болест и срцеви заболувања. Има и други придобивки од грозјето кои  можат да му помогнат на вашето здравје и тело. Еве неколку причини зошто овој период треба почесто да јадете грозје:

grozje

Извор: Pixabay

  1. Ја зголемува енергијата

Сложените јаглехидрати што се наоѓаат во грозјето може да биде одличен извор на енергија која е потребна ако вежбате или трчате и затоа е совршена закуска пред тренинг.

  1. Го подобрува здравјето на срцето

Грозјето е здраво за срцето на повеќе начини. Помага во намалувањето на крвниот притисок, ја подобрува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Ова овошје, исто така, помага во намалувањето на холестеролот со тоа што ја намалува апсорпцијата на соединението во крвта.

  1. Ја подмладува кожата

Поради големите количини на антиоксиданси и на витамините Ц и Е, грозјето може да помогне во ревитализација на кожата. Овие хранливи материи ја штитат  кожата од штетното ултравиолетово зрачење. Исто така, витаминот Ц е неопходен за формирањето на  колаген, кој го одржува младиот и свеж изглед на кожата.

  1. Корисно е за мозокот

Грозјето содржи и ресвератрол кој е значаен полифенолен антиоксиданс. Овој антиоксиданс е концентриран во лушпата на црното грозје. Со своите антивоспалителни и антиоксидантни својства помага во исфрлање на штетните материи од телото. Исто така, помага да се зголеми протокот на крвта во мозокот, што ги подобрува моторните и ментални функции.

грозје

Извор: Pixabay

  1. Помага на очите

Лутеинот и зеаксантинот се антиоксиданси кои ја штитат мрежницата и очните леќи. Тие го зголемуваат визуелниот опсег, ја намалуваат непријатноста од отсјајот, го  подобруваат визуелниот контраст и го намалуваат времето што им е потребно на очите да се опорават од стресот на силните светла. Ова помага да се намали ризикот од макуларна дегенерација и катаракта, две вообичаени нарушувања на очите.

  1. Ги зајакнува коските

Грозјето помага во зајакнување на коските поради присуството на манган. Овој минерал помага во апсорбција на калциумот и градба на коските, го зајакнува и метаболизмот ги регулира хормоните и го нормализира шеќерот во крвта.

  1. Може да ви помогне да спиете подобро

Секојдневните грижи, динамичниот живот и работните ноќи ви го кратат сонот. Несоницата е проблем со кој се соочува голем дел од популацијата. Недостатокот на сон може негативно да влијае врз човековото здравје. Здравствени ризици кои можат да настанат од недостаток на сон се депресија, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и дебелина. Грозјето содржи природен мелатонин – хормонот на животот и долговечноста. Овој хормон помага за подолг и поквалитетен сон.

грозје замрзнато

Извор: www.fitibility.com

  1. Храна за губење на тежината

Нутриционистите препорачуваат да го вклучите грозјето во вашата исхрана најмалку 2 пати неделно во текот на сезоната. Ова ќе ви помогне да изгубите тежина, бидејќи гроздот ќе го задоволи вашето чувство на глад, ќе го исчисти црниот дроб од штетни материи и ќе го активира дигестивниот систем. За диетата со грозје, треба да користите зрело свежо црно грозје, кое содржи голема количина полифеноли во составот, кои го активираат метаболизмот и имаат антиоксидативно дејство.

Плодовите се консумираат свежи и обработени (суво грозје, сок, вино, оцет и масло од семки од грозје). За во лето ви препорачуваме ладен десерт од грозје. За оваа слатка закуска можете да ги користите и црвеното и белото грозје. Добро измијте го грозјето и отстранете ги напукнатите и згмечени зрна. Потоа ставете го во сад со вода и додајте оцет (сооднос вода и киселина 2:1) и оставете го триесетина минути, потоа убаво исплакнете го и ставете го во кеси за замрзнување,  оставете ги во замрзнувачот осум часа. Уживајте во оваа освежителна, здрава и нискокалорична ужинка!

Значи, подготвени сте да внесете грозје во вашата исхрана? Никогаш повеќе нема да се сомневате во моќта на оваа супер храна!

 

Фото: Pixabay

Категории: Здрава храна