Кои фирми добија најголеми грантови преку ИПАРД – програмата годинава?

Кои фирми добија најголеми грантови преку ИПАРД – програмата годинава?

 

Уни Агро ја доби најголемата исплата на грант за 2021 година преку ИПАРД-програмата, која ја спроведува платежната Агенција за поддршка на земјоделието и руралниот развој.

Велешката компанија во 2019 година започна со инвестирање во фабрика за сточна храна и за тоа доби годинава неповратни 51.639.594 денари.

Агроандика од Ростуше, која пред две години започна со изградба на гостинскиот конак кај Бигорскиот манастир, е на второто место со исплатени 35.531.935 денари. На третата позиција е Јоки Комерц, компанијата позната по своите иновации во Живинарската фарма Долнени, со поврат на 26.449.947 денари.

Досега во 2021 година Агенцијата додели околу 500 грантови за инвестиции реализирани од правни и физички лица. Во оваа сума ЕУ има учество од 75 %, а со 25 % учествува државата. Пет години од исплатата е рокот по кој сопственикот не смее да ја продаде инвестицијата.

Парите се добиваат за инвестиции од типот: систем капка по капка, модернизација и реконструкција на фарми, преработка на производи, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, но и изградба на хотели во рурални средини и области надвор град.

 

Категории: Вести