Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера соопшти дека започнува доделувањето на картичките за “зелената” нафта. Персонализираните картички први ќе имаат можност да ги подигнат земјоделците од подрачнните единици на МЗШВ во Штип, Велес и Свети Николе, а потоа Тетово и Боговиње и наредните денови ќе бидат достапни и за земјоделците од Кривогаштани, Прилеп и Крушево. Заклучно со 26ти август, картичките ќе бидат достапни и во Демир Хисар и Битола.
Долгоочекуваните картички ќе овозможат користење на субвенционирано “еуро дизел гориво”. За оваа мерка се обезбедени 200 милиони денари преку програмата за директни плаќања во земјоделството – истакна заменик министерот.
Важно е да се напомене дека картичките и “зелената” нафта нема да бидат наменети за земјоделците кои што произведуваат тутун и сточарите.