Mакедонска компанија главен носител во изработка на бизнис модел за био-базирани ѓубрива

Mакедонска компанија главен носител во изработка на бизнис модел за био-базирани ѓубрива

 

Македонската компанија АгФутура Технологии е главен координатор во изработката на бизнис моделот за био-базирани ѓубрива, кој се подготвува во рамки на Хоризонт2020 проектот „Биобазирани продукти за ѓубрење како најдобра пракса во управување со земјоделска одржливост’’ (Б-ФЕРСТ). Овој проект со траење од пет години (2019-2024) има за цел да го интегрира био-отпадот како почетна точка во плановите за управување со земјоделството преку создавање на нови кружни и био-базирани синџири.

Во моментов, земјоделскиот сектор се соочува со предизвикот за зголемување на продуктивноста на земјиштето на одржлив начин. Во текот на изминатите децении, практиките во конвенционалното земјоделство го загрозуваат присуството на хранливи материи во почвата. За да се промени овој тренд, индустријата за ѓубрива мора да обезбеди обновливи извори на хранливи материи. Ова е можно само со подобрување на односите помеѓу земјоделскиот сектор и био-базираните индустрии.

Во овој поглед, придонесот на проектот Б-ФЕРСТ се состои во развивање на 8 иновативни производи преку кои ќе се обезбедат специфични хранливи состојки со дозирање по мерка прилагодена на потребите на земјоделците со цел подобрување на ефикасноста и одржливоста во земјоделското производство. Со ваквите иновативни производи се очекува да се постигне намалување на јаглероднит отпечаток при производството на ѓубрива и со тоа нивното влијание врз животната средина за барем 10 %. 

Конзорциумот на проектот Б-ФЕРСТ е составен од мултидисциплинарен тим со експертиза во секој дел од синџирот на вредност во индустријата за ѓубрива. Конзорциумот брои 11 партнери од 6 земји, меѓу кои покрај големи компании, учествуваат и МСП, истражувачки институции и непрофитни организации. 

Во периодот на имплементација на проектот предвидено е да бидат постави пет демо фабрики во различни географски области (Шпанија, Италија, Франција, Полска и Украина). Добрите практики утврдени во овие демо фабрики ќе бидат пренесени и реплицирани подоцна и во други области.

За повеќе информации за проектот посетете ја официјалната страна www.b-ferst.eu  

 

Категории: Вести