Златни медали за македонскиот мед на Игор Најдов на натпревар во Тузла

Златни медали за македонскиот мед на Игор Најдов на натпревар во Тузла

 

Златни медали освоија неколку мостри на македонски мед на натпревар во Тузла, Босна и Херцеговина, информираше кавадарчанецот Игор Најдов. Тој соопшти дека две мостри од неговиот мед „Медликовец“ од пчелите кои ги одгледува во кавадаречкото село Конопиште, добиле високи оценки за квалитет.

– Според мене, станува збор  за еден од најдобрите натпревари за квалитет на мед. Беа пријавени околу 450 примероци на мед од целиот свет. Ние неколку македонски пчелари, се најдовме меѓу најдобрите на табелата за освоени награди, појасни Најдов кој е дипломиран инженер по фармерско производство.

Упатувајќи честитки до македонските пчелари, тој посака уште многу квалитетен мед и уште многу награди за македонскиот мед.

 

Извор: МИА

Категории: Вести