Министерот за земјоделство во посета на село Егри

Министерот за земјоделство во посета на село Егри

 

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски го посети село Егри Битолско, лично да се увери во првиот успешно завршен проект за консолидација во државата.

После 30 години, според Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO) сме лидери во регионот за консолидација, истакна Николовски.

„Преку проектот на МЗШВ што започна во март 2017 година со поддршка од Европската Унија и ФАО се заврши изградбата на 8.4 км нови канали за одводнување, 3 км нов систем за наводнување и 11 км нови тампонирани патишта во консолидационото подрачје.

Со консолидацијата во Егри бројот на парцели се намали за четири пати од 874 на 260, а вкупно 214 сопственици на парцели сега имаат правилни форми што им овозможува подобри земјоделски практики.

Продолжуваме со работа и носење на планови за окрупнување и изградба на инфраструктура во нови 9 македонски региони“, посочи Николовски.

 

 

Категории: Вести