Млекото и млечните производи со минимално намалување на цените на глобалниот пазар

Млекото и млечните производи со минимално намалување на цените на глобалниот пазар

ФАО индексот на цените на млечните производи во просек изнесуваше 116,0 поени во август, минимално намален во однос на јули, но сепак 13,6 проценти над неговата вредност во соодветниот месец минатата година. Во август, глобалните цени за млеко во прав се намалија, што ја одразува континуираната слабост во глобалната побарувачка за увоз, во комбинација со високата достапност на овој вид продукт кој доаѓа од Океанија за време на новата производствена сезона.

Од друга страна, цените за сирењето се зголемија, поткрепени со зголемената побарувачка и намалена достапност во Европа, компензирани со благо опаѓање на цените во Океанија поради зголеменото производство. Овој месец пораснаа и цените на путерот, како резултат од високата побарувачка за увоз од Источна Азија за краткорочни испораки.

Млеко Август

Извор: ФАО

Млеко Август

Извор: ФАО

Млеко Август

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари