ДЗС: Намалување за 7,4% во производство на шумски производи во државните шуми
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2021 година, во однос на третото тримесечје од 2020 година, е намалено за 7.4 %.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од листопадни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.
Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 187 784 м3 и бележи намалување за 11.7 %.
Соопштението во целост можете да го видите на следниот ЛИНК.