Кина ја има најлошата зимска реколта на пченица – Состојбата во останатите глобални житници е подеднакво загрижувачка

Кина ја има најлошата зимска реколта на пченица – Состојбата во останатите глобални житници е подеднакво загрижувачка

 

 

Состојбата со зимската реколта на кинеската пченица би можела да биде „најлоша во историјата“, рече министерот за земјоделство во саботата според Ројтерс, предизвикувајќи загриженост за резервите на жито во најголемиот светски потрошувач на пченица.

Зборувајќи со новинарите на маргините на годишните политички состаноци на кинескиот режим, министерот за земјоделство и рурални прашања, Танг Ренџијан, рече дека обилните врнежи минатата година го одложиле садењето на околу една третина од нормалната површина на пченица.

Истражувањето на родот на зимската пченица направено пред почетокот на зимата покажа дека количината на родот од прва и втора класа е намалена за повеќе од 20 процентни поени, рече Танг.

„Не толку одамна отидовме на терен да направиме анкета и многу земјоделски експерти и техничари ни рекоа дека условите за посевите оваа година би можеле да бидат најлоши во историјата“, рече тој. „Годинешното производство на жито навистина се соочува со огромни тешкотии.

Како што забележува Epoch Times, коментарите на министерот ја нагласуваат загриженоста за снабдувањето со жито во Кина. Во исто време со војната меѓу Русија и Украина, кои заедно сочинуваат околу 29% од глобалниот извоз на пченица, го наруши снабдувањето предизвикувајќи зголемување на цената на пченицата на ниво кое невидено изминативе 14 години.

Истовремено Египет, кој има удел од 6% од потребите на глобалните пазари, стравува од недостаток на вода поради новата етиопска брана на реката Нил.

Аргентина која најголемиот производител на пченица во Јужна Америка, се соочува со невидени пожари на земјоделските површини.

А реката Парагвај, која во основа е основа за земјоделските области во Јужна Америка, е на историски најниско ниво.

 

Категории: Вести