Дано Јошев со апел да се почитува договорената цена за грозјето

Дано Јошев со апел да се почитува договорената цена за грозјето

Претседателот на регионалното здружение „Тиквешки лозаро овоштари“ Дано Јошев, оствари средба со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев. На состанокот го информирал дека многу винарски визби и откупни пунктови не ја почитуваат договорената цена, 13 денари за вранец и 11 за смедеревка. На прес конференција градоначалникот и претседателот на здружението упатија апел да се почитува договорената цена.

-Само една винарска визба го почитува договорот во врска со откупот на „Вранецот“ а тоа е Тиквеш. Имаме информација дека другите откупувачи не го почитуваат договорот и имаат други цени, апелирам да се  почитуваат цените, рече градоначалникот Јанчев.

Дано Јошев пак рече дека по обиколката на пунктовите увиделе дека не се почитуваат цените, па кажа дека грозјето реално треба да се плаќа по 16 денари за „Смедеревка“ и 18 денари за килограм „Вранец“. Затоа Јошев го повика Земјоделскиот инспекторат да извршат контрола на терент и да се реши проблемот со откупот.

Доколку продолжи оваа ситуација Јошев најави и протест.