Нова резолуција од Европскиот парламент за забрана за употреба на кафези при одгледување на животни

Нова резолуција од Европскиот парламент за забрана за употреба на кафези при одгледување на животни

 

На 10-ти Јуни во Европскиот парламент е изгласана новата резолуција за забрана за употреба на кафези во сточарското производство која што треба да биде спроведена од 2027 година. Резолуцијата беше подржана од поголемиот дел на пратеници во Европскиот парламент. Како следна точка од овој процес, каде што е одговорна Европската комисија, е да се создадат предлог на легислативи каде што ќе им се даде доволно долг период и финансиски средства на фармери за да можат сточарите да го променат начинот на шталското производство. Исто така, парламентот се согласил оваа транзиција да се изведе постепено, односно да се започне со транзиција од еден вид на животни земајќи ги предвид сите специфични карактеристики на животните за да им се овозможи правилен раст и развој според нивните потреби.

На оваа расправа пратениците се согласија и за поголемата финансиска помош и доволно квалитетен тренинг за да се избегне губењето на компетитивноста на европските фармери, како и сигурност дека сите продукти кои што ќе бидат на европскиот пазар, вклучувајќи ги и продуктите увезени од други земји да бидат во согласност со новите стандарди.

До крајот на месецот се очекува Европската комисија да ги објави идните чекори за реализација на иницијативата. “Со мнозинското прифаќање на оваа резолуција, Европскиот парламент ја доведе ЕУ еден чекор поблиску до конечно укинување на суровите практики од одгледувањето на животни на овој начин, каде што над 300 милиони животни секоја година се предодредени да го поминат својот живот во кафез” – изјави Елеонора Еви, европскиот пратеник кој е задолжен за работната група која се занимава со оваа проблематика.

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести, Зелен развој