Нова сорта на компир кој може да произведе до 2 милиони клубени на хектар

Нова сорта на компир кој може да произведе до 2 милиони клубени на хектар

 

Холандската компанија Агрико е сè поблиску до целта да понуди на пазарот сорта на ран компир со потенцијал да создаде дури 2 милиони клубени (тубери) на еден хектар. Во моментот во Гринвејл, најголемиот произведувч на свеж и органски компир во Обединетото Кралство, се вршат истражувања и експерименти со цел да се искористи потенцијалот на новата сорта Џеки (Jacky) каде што крајниот продукт би требало да создава до 2 милиони тубери и принос од 50 тони на хектар. Новосоздадениот компир во просек би требало да има димензии од 25 до 35 милиметри во 65 % од целокупниот принос.

Исто така големиот потенцијал на сортата се должи и на отпорноста напламеница и гниење на плодот при што во нормални услови би се намалила потребата одтретирање и би се остварил поголем профит.

Новата сорта претставува високо версатилен компир. Неговата робустност и правилната кружна форма овозможува нежно тркалање по мрежите и лентите за транспорт и не подлежи на големи механички оштетувања при самата берба. Високата толерантност на густ склоп на засадени растенија овозможува конзистентна бројка на клубени по растение” – изјави Арчи Гибсон, извршниот директор на Агрико.

Растенијата засадени во опитните полиња на Гринвејл досега не се третирани со превентивни препарати против пламеница и доколку оваа природна резистентност се реплицира во комерцијални услови на одгледување може значително да се намалат трошоците по хектар за заштита, како и трошоците за употребената механизација и работна сила.

“Со побарувачка поголема од производните капацитети на водечките сорти на пазарот, сортата Џеки ги поставува стандардите која ниедна друга сорта не може да ги достигне ” – изјави Гибсон.

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Култури