Неверојатните придобивки за заштита на растенијата со препарат на база на млеко

Неверојатните придобивки за заштита на растенијата со препарат на база на млеко

 

Употребата на млеко во земјоделското производство не претставува новитет. Органските произведувачи веќе го имаат препознаено потенцијалот на млекото во справување со штетници и болести. Млекото може да се користи за три намени и тоа: како средство за заштита од болести, инсекти и како ѓубриво.

Третирањето на растенијата овозможува создавање на тенок слој кој дополнително ги штити. Тенкиот слој од млеко значително ги намалува шансите за создавање на инфекција од разни бактерии и габи. Истретираните растенија создаваат појак имунитет бидејќи млекото во својот состав содржи микроелементи кои што се потребни за правилен раст и развој (калциум, калиум, магнезиум, фосфор, сулфур, железо и други елементи).

Освен механичката бариера што оневозможува продирање на патогени, тенкиот слој од млеко во својот состав го содржи и млечниот шеќер – лактозата, кој што е несварлив за некои видови на инсекти (скакулци, компирова златица и други).

Млекото секогаш треба да биде сирово за да можат да се задржат сите карактеристики и хранливи материи што му го даваат статусот на средство за заштита.

Припремање на препаратот се состои од разблажување на 1 доза млеко со 10 дози на вода. Количината зависи од големината на вашата фарма или градина. По добро мешање содржината се префрла во прскалка и со тоа можете да ги третирате растенијата.

Доколку сакате да направите супер препарат кој што може да спречи појава на пепелница и пламеница во истиот препарат треба да се додаде една супена лажица на сода бикарбона. Исто така, постои уште една комбинација која често се користи во заштитата на доматот, а тоа е додавање на јод во препаратот. Се прави мешавина со однос 1:5 (1 дел млеко, 5 дела на вода) и се додаваат 10-15 капки на јод.

 

 

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Култури