Пестицид кој е забранет од ЕУ се уште се користи во земјоделското производство во Бугарија

Пестицид кој е забранет од ЕУ се уште се користи во земјоделското производство во Бугарија

 

Додека Европската Унија се обидува да го наметне Зелениот договор и стратегијата ”Од Фарма до Вилушка” каде што една од целта е намалување на употреба на пестициди до 50%, Бугарија се уште во своето земјоделство употребува пестициди кои што се забранети за употреба.  Пестицидот Мокап во чиј состав е активната материја етопрофос е средство кое што е забрането за продажба и дистрибуција уште од 2019 година се уште може да се најде по земјоделските аптеки во соседна Бугарија. Најчесто се користи како инсектицид во борбата против телените црви воглавно во производството на компир, но и во производство на други градинарски култури како што се доматите, модрите патлиџани, пиперки, краставици, тиквици и други култури.

Од страна на Европската Комисија активната материја етопрофос е обележана како високо токсична, но бугарските власти овозможуваат примена на ова средство без да сносат било каква одговорност за последиците од истата. Дополнително, не само што е овозможена употреба, мината година биле потрошени скоро 1 милион евра земјоделски субвенции за да се покријат трошоците токму за овој продукт. Сето ова го откри и обелодени истражувачкиот новинар Валиа Ахчиева, а нејзината репортажа можете да ја погледнете од видеото во продолжение.

 

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Култури