Од полноќ ќе се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41 %
258 Прегледи
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 ден/кг и сега ќе изнесува 42,761 ден/кг.
Малопродажната цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголемат за 2,50 ден/лит . Од друга страна, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 2,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,50 ден/лит и 77,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 67,00 ден/лит, односно 67,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .
Категории:
Вести