Србија ја тргна забраната за извоз на храна од органско потекло

Србија ја тргна забраната за извоз на храна од органско потекло

Српската влада ги тргна прехранбените производи од органско потекло од забраната за извоз на основните земјоделски и прехранбени производи.

„Имајќи ги предвид малите површини каде во Република Србија се одвива органско производство – сектор кој сè уште се развива во Србија, како и фактот што овие производи првенствено се наменети за извоз, се проценува дека ослободувањето од постојната забрана не го загрозува домашниот пазар и прехранбената безбедност на населението“, се наведува во соопштението на српската Влада.

Категории: Вести, Слајдер