ПИК Врбовец е првата хрватска компанија која ќе извезува месо во Јапонија
По успешното исполнување на исклучително строгите јапонски критериуми за преработка и производство на говедско месо, водечката месна индустрија во Хрватска, во јануари за прв пат извезе месо во Јапонија, се вели во соопштението од четвртокот на веб-страницата на Министерството за земјоделство на Р. Хрватска.
ПИК Врбовец, кој постои повеќе од 80 години е првата хрватска компанија за месо што извезува во Јапонија, каде што основна цел ќе и биде снабдување на угостителскиот сектор со месо. Седиштето на компанијата е во градот Врбовец, веднаш надвор од главниот град Загреб.
Еден од предусловите за извоз на говедско месо на пребирливиот јапонски пазар е ветеринарниот сертификат HVI 21-2 JAPAN, кој ПИК Врбовец го доби благодарение на интензивната и успешна соработка на Министерството за земјоделство на Република Хрватска и Јапонскиот МАФФ.
„Јапонија е втор најголем увозник на месо и месни производи во светот, пред се на квалитетно говедско месо и затоа веруваме дека ова е потенцијално многу важен пазар за ПИК. Горди сме што сме првата хрватска месна индустрија која го извезува своето месо во Јапонија. Ова е уште една потврда за квалитетот на хрватското сточарско производство и одлична вест за домашните производители воопшто“, изјави Славен Ружиќ, претседател на УО на ПИК Врбовец.
Извозот на хрватското говедско месо во Јапонија е резултат на квалитетната долгорочна работа на ветеринарната служба на Министерството за земјоделство на програмите за искоренување и контрола на најопасните заразни болести кај животните.
Министерката за земјоделство на Хрватска, Марија Вучковиќ, рече дека ПИК Врбровец е „една од најважните компании во хрватската прехранбена индустрија, која придонесува за брендирање на хрватските производи на глобално ниво со својот препознатлив квалитет“.
ПИК Врбовец е основан во 1961 година на темелите на месната индустрија во сопственост на Ѓуро Предовиќ, основана во 1938 година. Покрај производите под брендот ПИК, избрана палета се произведува и под брендот Сљеме со добро познат квалитет кај повеќето хрватски потрошувачи. Производите на ПИК се извезуваат и на други странски пазари, при што извозот учествува со 10 отсто од вкупната годишна продажба.
Таа додаде дека минатата година е овозможен извоз на рибни производи, мешани производи и суровини и кожи во Израел, млеко и млечни производи во Либија, овчо, козјо и говедско месо во Иран, храна за домашни миленици во Албанија, сладолед во Костарика, како и желатински капсули во Египет.
Извор: croatiaweek.com