Фарма од Јужна Африка се издвои со претпазливите методи на обработка на почвата, зачувување на водатата, управувањето со добиточната храна и преработка на арското ѓубриво. Имено, четирите носечки столбови на регенеративното земјоделство – почвата, водата, биодиверзитетот и сточарството, се составен дел од фармата.
Млечната фарма, сопственост на четвртата генерација на семејството Кујлер и за која се грижат 30 вработени, произведува млеко за Нестле во период од 60 години. Активностите на фармата се одвиваат во биоразновиден екосистем, од ѓубрење на почвата со арско ѓубриво до одгледување сопствена добиточна храна.
„Иако постојат многу начини да се создадат поодржливи процеси за фармите за млечни производи, „Скимелкранс“ се издвојува со претпазливите методи на обработка на почвата, зачувување на водата, управувањето со добиточната храна и преработката на арското ѓубриво, каде што се случуваат некои од најголемите намалувања на стакленичките гасови“, изјави Ховен Мејер, менаџер на групацијата Нестле за земјоделски услуги во регионот на Источна и Јужна Африка.
- 1000 крави, 20.000 литри млеко
Во изминатиот период доминантна раса на крави беше Холштајн Фризиската, но расата Џерзи беше воведена поради зголемената потреба на Нестле за повисок процент на цврсти млечни материи. Сегашното стадо со 1.000 грла, составено од 80% млечни крави Џерзи и 20% Холштајн Фризиски крави, во просек произведува 20.000 литри млеко дневно, или 20 литри по крава.
Основниот анализиран јаглероден отпечаток на фармата за 2019 година беше 1,1 кг СО2е /кг млеко. Интервентната програма за намалување на јаглеродот на фармата се очекува да достигне статус на нулта емисија на јаглерод во текот на следните 3 години.
- Напреден млечен сектор во Јужна Африка базиран на пасишта
Нестле работи во околу 187 земји во светот. Зошто беше избрана Јужна Африка за овој проект? „Јужна Африка има многу напреден млечен сектор базиран на пасишта и затоа беше избрана да ја воведе првата млечна фарма со нулта емисија на јаглерод во групата. Следуваат други „нулта“ проекти во други земји каде што Нестле има предизвици со намалувањето на јаглеродниот отпечаток“, вели Мајер.
„Работевме многу напорно за да се осигураме дека проектот Скимелкранс не само што е успешен во постигнувањето на нето-нулта емисија на јаглерод, туку станува модел што фармите управувани од Нестле можат ефикасно да го спроведат. За нешто повеќе од една година, почнуваме да забележуваме некои позитивни резултати преку овој проект: бележиме зголемување од 11% во производството на млеко по крава, постигнавме 40% намалување на енергијата со користење на соларна енергија и 45% зголемување на активниот јаглерод во почвата “, рече Мејер. Тој, исто така, забележува дека зголемувањето на производството на млеко е поттикнато од високо протеинските пасишта со разновидна тревна вегетација, како и со напредниот систем за управување со пасиштата.
Ова е само прв дел од успешната приказна на јужно африканската фарма. Следете ги нашите идни објави, каде што ќе ги опфатиме и стратегиите на фармата за справување со емисиите на јаглерод, кои ја направија оваа фарма уникатна и број 1 во Светот.
Извор: www.dairyglobal.net