Раст на трошоците за живот и цените на мало во август

Раст на трошоците за живот и цените на мало во август

Според најновиот извештај за месец август е забележан пораст, во споредба со јули. Порастот кај свежиот и разладениот зеленчук, компирите и другите коренести плодови изнесува 15,8 %, кај  сирењето и урдата  1,1 %, кај месото 0,9 %,  кај лебот и житата  0,7 %, кај млекото 0,6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи  0,3 %, жестоките пијалаци  0,2 %, информираше Државниот завод за статистика.

Во август имаше и пораст кај гасот за домаќинствата за 5,6%, туристичките пакет-аранжмани за 3,1 %, моторните возила за 0,7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, услугите за сместување за 0,6 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,5 %, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4 %, ткаенините за изработка на облека, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена.

Има намалување на цената на маслото и маснотиите, свежото и разладеното овошје за 0,7 отсто.

Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 %о повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало скокнале за 0,4 %. Споредено со август 2020 година, пак, трошоците на животот имаат зголемување од 3,6 %, а цените на мало за 4,9 %.

 

Фото: Pixabay

Категории: Вести, Цени