Рекордно ниско производство на вино во Европа како последица од неповолната клима

Рекордно ниско производство на вино во Европа како последица од неповолната клима

 

 

Производството на вино на светско ниво се очекува да биде драстично намалено откако лошите и неповолните временски услови ги погодија најголемите вински производни центри во Европа. Временските услови имале огромно влијание врз производството во Италија, Шпанија и Франција што на крај резултирало со екстремно ниско количини на произведено грозје. Од друга страна, за работите да станат уште посериозни се очекува и зголемување на побарувачката за вино која беше исто така драстично намалена со почетокот на пандемијата во 2020 година.

Врз основа на информации соберени од 28 земји кои што сочинуваат 85% од светското производство на вино. Интернационалната организација за винова лоза и вино  прогнозира производство помеѓу 247 и 253 милиони хектолитри на вино во 2021 година.

Иако „нема вакцина“ против климатските промени, генералниот директор на организацијата за лоза и вино изјави дека „постојат долгорочни решенија за кои ќе бидат потребни големи напори во однос на одржливи практики за одгледување винова лоза и производство на вино“ и дека адаптацијата е „итна потреба“ за индустријата. Преминот кон продажбата преку Интернет, исто така, и помогна на винската индустрија за време на пандемијата, додаде тој. Сепак, очекуваниот пад на кинеската побарувачка може да го ограничи годишниот пораст на потрошувачката на околу 2% оваа година во споредба со падот од 3% во 2020 година.

Извор: Guardian

Категории: Вести