Проблемот на контаминација со фекалии на производите увезени од Австралија, организациите за безбедност на храна го припишуваат на австралиската служба за безбедност и контрола на храната. Имено, на компаниите од Автралија им овозможува да го проверуваат сопственото месо наместо државните инспектори. Слични напори за приватизација на инспекцијата има и во други големи земји-производители на месо, вклучително и во САД.
Во 2020 година, американската служба за безбедност и контрола на храната (FSIS) отфрли десет пратки месо од Австралија, која е втор најголем американски снабдувач на оваа храна, поради контаминација со фекалии или други дигестивни материи. Во 2019 година, една, и една година претходно, беа вратени четири пратки австралиско месо, според внатрешните податоци на Министерството за земјоделство на САД (USDA). Канада и Нов Зеланд, два други големи американски добавувачи на месо, имаа по една одбиена пратка поради тој тип на контаминација во 2020 година, покажуваат внатрешните податоци, а Мексико, уште еден голем снабдувач на месо на американскиот пазар, немаше вратени пратки.
Поради истите причини во Австралија се вратени три пратки месо во првите два месеци од оваа година, една е вратена во Нов Зеланд, а ниту една во Канада и Мексико, покажуваат податоците.
Меѓу австралиските компании чии пратки со месо во САД беа одбиени се: JBS Australia, Thomas Foods, Fletcher International Exports, Australian Lamb и V&V Walsh.