Свежи градинарски производи сред урбанизираните метрополи – Земјоделство на покрив од зграда

Свежи градинарски производи сред урбанизираните метрополи – Земјоделство на покрив од зграда

 

Во централните подрачја на градот, зелените простори се најчесто наменети за паркови и имаат голема вредност имајќи предвид дека се сè поретки како резултат на брзото темпо на урбанизација. Во вакви услови, развиените урбани центри утврдиле дека покривите на висококатниците и пониските станбени згради се недоволно искористен простор, односно преставуваат значаен ресурс кој може да се искористи за урбано земјоделство. Земјоделство на покрив од зграда – дали е изводливо и како тоа изгледа во срцето на Њујорк!?

Во Њујорк, земјоделството на покриви од згради не е само идеја. „Бруклин Гранџ“ обработува повеќе од 10 декари обработливи површини кои се наоѓаат токму на покриви од згради во Бруклин и Квинс. Произведените култури потоа им се продаваат на њујорчани. За да не дојде до оштетување на крововите и попуштање на конструкцијата, се користи специјална мешавина на почва која овозможува минимизирање на тежината, а воедно овозможува и брзо одводнување при обилни врнежи. На покривите неретко се среќаваат и кокошарници и кошници со пчели.

Во следните две видеа можеме да погледнеме урбани фарми сместени токму во срцето на Њујорк:

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Зелен развој