Стабилизација на цените за месо

Стабилизација на цените за месо

 

 

ФАО индексот на цените на месото во просек изнесуваше 109,8 поени во ноември, што е намалување за 0,9 % во однос на октомври, со што го означи четвртиот месечен последователен пад, иако сè уште цената на месото е 17,6  % над неговата вредност во соодветниот месец пред една година.

Во ноември, меѓународните понуди за свинско месо се намалија, како резултат на помала побарувачка на Кина од производството на Европската унија. Цените на месото од овца, исто така, драстично паднаа поради зголемените залихи за извоз, главно од Австралија. Во меѓувреме, меѓународните цени на говедското месо останаа стабилни, бидејќи намалените понуди за бразилското месо беа неутрализирани со повисоките австралиски извозни вредности, како одраз на ниската продажба на добиток за колење во услови на висока потреба за обнова на стадата.

Цените на месото од живина, исто така, беа главно стабилни, бидејќи глобалните залихи се соодветни за да се задоволи побарувачката, и покрај ограничувањата на понудата, особено недостигот на контејнери за испорака и птичјиот грип во Европа и Азија.

ФАО цени месо

Извор: ФАО

ФАО цени месо

Извор: ФАО

ФАО цени месо

Извор: ФАО

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган

 

Категории: Пазари