„Тиквешки лозароовоштари” бараат да се донесе закон со ќе се гарантира минимална откупна цена на грозјето

„Тиквешки лозароовоштари” бараат да се донесе закон со ќе се гарантира минимална откупна цена на грозјето

 

 

Здружението „Тиквешки лозароовоштари” бара винариите да кажат колку грозје планираат да откупат годинава, со која шеќерност и по која цена.

Ова е само едно од барањата на ова регионално здружение, кои ги имаат испратено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот Љупчо Николовски.

Претседателот на здружението, Дане Јошев, денеска информира дека бараат средба со ресорниот министер.

– Веднаш да се донесе закон со којшто ќе се гарантира минимална откупна цена на грозјето и тоа по шеќерни единици. За „вранец” од 19 шеќерни единици, 18 денари по килограм. За ,,смедеревка” од 17 шеќерни единици, 16 денари за килограм, појасни Јошев.

Меѓу барањата е и за обесштетување за последици од суша. Да се изгради дестилерија, за решавање на проблемот со вишокот на грозје.

– Зелената нафта е добра мерка, од која се задоволни земјоделците и треба да продолжи, дециден беше Јошев.

 

Извор: МИА

Категории: Вести