Понеделник 10.01.2022: Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. На повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата ќе се зголемува. Услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните, југозападните и северните предели. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и тоа поради продор на студен воздух од север, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.
Вторник 11.01.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег на ниските, и од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Среда 12.01.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат уште пониски и тоа поради понатамошен продор на студен воздух од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.
Понеделник 10.01.2022: Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени.
Вторник 11.01.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 0 и 1 степен, додека максималните ќе се искачат до околу 4 степени.
Среда 12.01.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 0 и 1 степен.
Понеделник 10.01.2022: Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.
Вторник 11.01.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Среда 12.01.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 6 степени.
Понеделник 10.01.2022: Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд, додека на планинските и повисоките места ќе има услови за врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 5 степени.
Вторник 11.01.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со умерен до засилен ветер од северен правец. Ќе има услови за локално и сосема слабо проврнување на дожд и на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.
Среда 12.01.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 3 степени.