Понеделник 28.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа Долж Повардарието од северен и од северозападен, додека во западните предели од југозападен и од западен правец. Поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ, температурите и понатаму ќе се задржат многу високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Вторник 29.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа од западен и од југозападен, додека во останатите предели од северен и од североисточен правец. Температурите и понатаму остануваат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне, особено во источните предели ќе има услови за локлана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите и тоа поради задржувањето на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ, остануваат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Понеделник 28.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 35 степени.
Вторник 29.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 37 степени.
Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец, особено попладне. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 36 и 38 степени.
Понеделник 28.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 36 степени.
Вторник 29.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 37 степени.
Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од југозападен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локална појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 38 степени.
Понеделник 28.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 35 степени.
Вторник 29.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 37 степени.
Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од променлив правец. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 38 степени.
Зголемените дневни температури можат негативно да влијаат врз евапотранспирацијата на градинарските култури на отворено.
Наводнувањето треба да се извршува со посебно внимание бидејќи ќе имаме високи температури, засилен ветер и на некои места дожд од што ќе произлезат две сценарија. Едното е брзо сушење на почвата и зголемена транспирација на растенијата што може негативно да се одрази врз прогресот на градинарските култури, додека пак другото сценарио е извршено наводнување пропратено со не очекуван дожд и поттик за интензивен развој на патогени.
Потребна е евалуација на штетите причинети од град и доколку е возможно треба да се интервенира во процесот на опоравување на растенијата и дрвјата,
Голем процент од есенските житарици се спремни за жетва, макотрпна и долготрајна операција, апелираме да внимавате на сопственото здравје поради високите температури и зголемениот УВ индекс.